Ист стан го продавал на двајца: кривична за гостиварец

Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.С.(43) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.


Пријавениот, претставувајќи се како менаџер на правно лице и лице со овластување за склучување на договор во име на правното лице, довел во заблуда лице од гостиварско на тој начин што склучиле преддоговор за купопродажба на стан во вредност од 40.000 евра, по што лицето му исплатило 25.000 евра, а кој стан претходо го продал на друго лице.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK