Мицкоски: Поевтинуваат катастарските услуги за шест пати, до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните

23082024-Mickoski-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поевтинуваат катастарските услуги за шест пати. До милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните, рече премиерот Христијан Мицкоски.


„Катастарот полека но сигурно се ослободува од криминалот. Забележавте дека илјадници предмети биле не решени, директорот е скромен и не сака да каже можеби детали коишто допрва органите на редот и истражните ќе треба да се позанимаваат, но верувајте дека ќе има многу за истрага. Ценам дека сето она што во минатото било предмет на поинаков однос со граѓаните и поради тоа се создавала таа гужва, односно не биле решавани предметите, многу скоро ќе излезе на виделина и ќе бидат истите тие решени, иако сега илјадници предмети во овие помалку од два месеца веќе добиваат разрешница, нормално согласно важечките прописи, закони и Устав“, посочи Мицкоски и додаде:

„Се додека имаме високо ниво или перцепција за криминал и корупција ние не можеме да се развиваме како држава. Така што уште еднашка да го охрабрам директорот, раководството, сите овде коишто се дел од новиот раководен тим на катастарот да продолжат со ваков тип на реформи и да работат во интерес на граѓаните, бидејќи граѓаните се тие коишто се најважни, се останато е од споредна природа.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK