Клиниката за урологија, утрово, ја посети министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, каде заедно со новоименуваниот директор, Башким Шабани, разговараа за потребата од унапредување на условите за третман и хоспитализација на пациентите на оваа клиника. Тоа ќе биде еден од приоритетите на Министерството во наредниот период, извести Министерството за здравство.
Министерот ја посети и Клиниката за хематологија, каде со директорката Соња Генадиева-Ставриќ направија обиколка на клиниката и дискутираа за идните планови за инфраструктурно зајакнување на оваа установа.