Стефковски на состанок со директорите: Гази Баба е подготвена за стартот на учебната година

4-20.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски оддржа средба со директорите на општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба на која разговараа за подготвеноста за почетокот на новата учебна година.


За состанокот, градоначалникот Стефковски информираше со објава на својата официјална страна на фејсбук во која напиша:

„ГАЗИ БАБА Е ПОДГОТВЕНА ЗА СТАРТОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА. Оддржав работен состанок со директорите на општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба на кој разговаравме на повеќе теми поврзани со подготвеноста на училиштата за стартот на новата учебна година. Директорите ме информираа дека се постојана комуникација со Министерството за образование и наука за започнатиот процес на достава на учебниците. Ги информирав директорите дека во завршна фаза е изработката на бесплатните училишни униформи за сите 6800 ученици, мерка која ја воведовме минатата година за прв пат во општина Гази Баба. Ја користам оваа прилика уште еднаш да ги повикам семејствата кои имаат запишано прваче во училиштата на територија на општина Гази Баба да поднесат барање за добивање на еднократна финансиска поддршка од 3000 денари. На состанокот заеднички дојдовме до заклучок дека општина Гази Баба е подготвена за почетокот на новата учебна година“ – напиша Стефковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK