Сообраќајна незгода на регионалниот пат Штип–Плачковица, тешко повредени двајцата возачи

klinicka-bolnica-stip.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во 01.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип–Плачковица, кон село Караорман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 68-годишниот А.Ј. и патничко возило „ауди а6“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Д.А., двајцата од Штип, извести МВР.



„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „ауди“, В.Д.(24) од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK