Вчера попладне лесен авион, жирокоптер М22 кој може да лета со брзина од 200 км/ч и има две седишта, се урна на плажата кај италијанскиот град Минтурно.
Пилотот, 68-годишен маж од Бергамо, не е повреден. Вели дека му се расипал моторот и морал принудно да слета.
Италијанските медиуми јавуваат дека во тоа време на плажата имало неколку десетици капачи. Никој не е повреден.