(Видео) Де Геа се врати по 447 дена, прими три гола

a199acce-deca-4830-a522-0960af4fdc36.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Давид Де Хеа пред две недели потпиша едногодишен договор со Фиорентина со можност за продолжување на соработката на дополнителна сезона. Вчера тој дебитираше за италијанскиот клуб на официјален натпревар, 447 дена откако последен пат застана меѓу стативите. Прими три гола, а Фиорентина ремизираше со Академија Пушкаш 3:3 во првата средба од баражот за пласман во групите во Конференциската лига.


Да потсетиме, Де Геа е без клуб од летото минатата година кога му истече договорот со Манчестер јунајтед. Тој беше поврзуван со бројни клубови, а најспоменувани беа клубовите од Саудиска Арабија. Сепак, тој на крајот и се приклучи на Фиорентина, која минатата сезона заврши на осмото место во Серија А.

Де Хеа помина 12 години во Манчестерјунајтед, каде пристигна во 2011 година како 21-годишен играч од Атлетико Мадрид за сума од 25 милиони евра.

Ја освои Премиер лигата (2012/13), ФА Купот (2015/16) и Лига Европа (2016/17) и освои вкупно осум трофеи со гигантот од „Олд Трафорд“. Два пати беше прогласуван за најдобар голман во Премиер лигата (2018 и 2023 година).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK