(Видео) Украинците нападнаа руско пристаниште, погодиле траект полн со гориво

pozar-rusko-pristaniste.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По денешниот украински напад на траект полн со гориво во руското пристаниште Кавказ, во јужниот регион Краснодор, избувна пожар, соопштија локалните власти. Во моментов се проценува степенот на пожарот и се утврдува дали има жртви.


Неколку руски медиуми објавија снимки и фотографии од местото на настанот на кои се гледа како пламен и густ чад се издига од пристаништето.

Претходно денеска претседателот Владимир Путин ја обвини Украина за обид за напад на руската нуклеарна централа во Курск и рече дека за тоа била информирана Меѓународната агенција за атомска енергија.

Алексеј Смирнов, вршител на должноста гувернер на Курск, рече дека РБМК-1000, нуклеарна централа со четири советски реактори, е „стабилна“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK