Шест загинати, 11 повредени во пожар во хотел во Јужна Кореја

Screenshot-2024-08-22-180204.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку шест лица загинаа, а 11 се повредени во пожар во хотел во Јужна Кореја, јави денеска јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на изјави на пожарникари.


Пожарот започнал на осмиот кат од деветкатница во Бучеон, јужно од Сеул.

На местото на несреќата се испратени 46 противпожарни возила и 150 пожарникари.

Може да има повеќе жртви и повредени бидејќи пожарот не е изгаснат, објави Јонхап.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK