Столе испадна „колатерална штета“ – Ливерпул го купи Мамардашвили и го остави на позајмица во Валенсија

stole-dimitrievski-rayo-vallecano-1621608498-63180.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ливерпул и Валенсија постигнаа договор околу трансферот на голманот Георги Мамардашвили (23). Ливерпул ќе плати 35.000.000 евра за Грузиецот, а Валенсија ќе добие и 10 отсто од наредниот трансфер. Мамардашвили ќе стане првото засилување на Ливерпул во ерата на новиот менаџер, Арне Слот.



Планот на Ливерпул е Алисон Бекер (33), да биде прва опција оваа сезона, а Мамардашвили да биде испратен на позајмица. Долго се шпекулираше дека тој ќе оди во Борнмут, но според договорот меѓу клубовите тој ќе остане во Валенсија.

Ова значи дека колатерална штета од договорот меѓу Ливерпул и Валенсија ќе биде македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски.

Летово како слободен играч, Димитриевски дојде во Валенсија со цел дека ќе биде прв голман, знаејќи дека клубот работи на продажбата на Мамардашвили. Лошо е за Димитриевски што во меѓувреме истече и клаузулата дека ќе може да замине на позајмица доколку Мамардашвили остане на „Местаља“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK