Фрчковски не е повеќе амбасадор во ОН, си поднесе оставка

Ljubomir-Danailov-Frckoski111.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Љубомир Фрчковски си поднесе оставка на местото Амбасадор и Постојан претставник на Северна Македонија во ОН во Њујорк. Оставката и ја поднесе на Претседателката Гордана Силјановска – Давкова и за тоа го Извести МНР.


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, претходно рече дека Фрчкоски бил повикан на разговор во МНР поради наводни финансиски нерегуларности во работењето на претставништвото, но оти до разговорот се уште не дошло поради здравствени причини на амбасадорот.

Поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи, на амбасадорската позиција во Њујорк беше назначен во 2022 година. Указот за неговото назначување го потпиша тогашниот шеф на државата Стево Пендаровски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK