(Видео) УЕФА направи промени во химната на ЛШ

GettyImages-1635507606-scaled-1-800x533.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лигата на шампиони, најпрестижното клупско натпреварување, од оваа сезона ќе се игра во нов формат. По 33 години во кои главната фаза се играше по групи, Лигата на шампионите станува вистинска лига. Од овој септември 36 клуба ќе играат по лига систем.



Синоќа на фановите им стана јасно дека ова не е единствената промена што ја доживеа најатрактивното и најпрестижното клупско фудбалско натпреварување. На првите натпревари од последното квалификациско коло во Лигата на шампионите, на стадионите на Јанг Бојс, Малме, Митјиланд и на привремениот на Динамо Киев можеше да се слушне дека најпознатата фудбалска химна за прв пат е сменета откако беше промовирана во 1991 година.

Промените не се големи, но предизвикаа огромни контроверзии. Текстот на химната, отпеан на англиски, француски и германски, официјалните јазици на УЕФА, остана непроменет. Но затоа беа сменети акордите и легендарната мелодија, која е побрза во однос на оригиналот, а на неа беа додадени и ефекти.

Иако симболот на Лигата на шампионите претрпе многу помалку промени од самото натпреварување, фудбалските фанови се револтирани од новата верзија на старата и химна.

На социјалните мрежи никој нема убави зборови за изменетата химна на Лигата на шампионите: „Ја сменија химната на Лигата на шампионите. Фудбалот официјално е мртов. Почивај во мир“, е еден од коментарите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK