Во местото Илијаш, недалеку од Сараево, во текот на ноќта имало пожар, на кој, според сведоштвата на мештаните, му претходела експлозија.
Според досегашните информации, нема повредени во пожарот кој избувнал околу полноќ, пренесува Klix.ba.
Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево соопшти дека пожарот во просториите на Илијаш бил брзо локализиран по пристигнувањето на пожарникарите.
Наведено е дека истрагата ќе се врши во текот на денот за да се утврдат околностите на настанот.
Според изјавите на мештаните, на пожарот му претходела експлозија, а потоа снемала струја во целиот град, пренесува Klix.ba.