– Вчера во 22.10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје ги лишиле од слобода А.Ш., на возраст од 22 години од село Петровец и Б.В., 21-годишно лице од село Зелениково, информираат од МВР.
Тие се сомничат дека околу 20.20 часот во населено место Дрма, скопско, физички го нападнале 22-годишниот З.Н. од село Мралино, општина Илинден, по што Б.В. со остар предмет му нанел убодни рани.
– З.Н. бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а лицата биле задржани во полициска станица, се наведува во соопштението.