Двете тела што нуркачите ги извлекоа од потоната јахта на брегот на Сицилија претходно денеска се телата на Мајк Линч и неговата ќерка Хана.
Потрагата по шестмината исчезнати сега е трет ден, откако јахтата потона во понеделникот рано наутро поради ненадејно торнадо, пишува Дејли Меил.
Инаку, се уште трагаат по четири лица, од вкупно 22 кои биле на јахтата во моментот на бродската несреќа. Според извештаите на италијанска „Република“, во внатрешноста на бродот, зад два душека биле пронајдени две тела.
Малку подоцна беше потврдено дека се пронајдени уште две тела, со што вкупниот број на потврдени жртви се искачи на пет.
Претходно денеска бројни светски медиуми, како и порталот „Телеграф.рс“ објавија дека британскиот тајкун Мајк Линч, познат и како „Британецот Бил Гејтс“, имал бизнис и со британските и со американските безбедносни агенции.
Исчезнувањето на британскиот технолошки тајкун Мајк Линч во бурните мориња кај брегот на Сицилија стана уште почудно кога неговиот деловен партнер Стивен Чембрлен загина во сообраќајна несреќа два дена претходно, пишува Politico.