Трајановски: Патишта треба и да градиме, но и редовно да ги одржуваме, за што е потребно одвојување повеќе средства

Screenshot-2024-08-21-143950.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски ја посети асфалтната база на Јавното претрпијатие за одржување на магистрланите и регионалните патишта (Македонијапат) во Скопје која до денеска беше единствено активна, а од денеска стартуваа со работа и асфалтните бази во Велес и Битола. Трајановски изврши увид и во асфалтирањето на делницата Желино-Јегуновце, а асфалтирање на поравнителниот асфалт се вршеше и на Р1102 кај Демир Капија.


При увидот тој потенцираше дека не е важно само да се инвестира во патишта туку исто така е важно и да се одржуваат. Одржувањето на патиштата како обврска е пренесено на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта (Македонијапат), но поради неисполнети обврски од страна на претходното раководство на ЈП за државни патишта кон нив, односно поради префрлување на средства само за зимско одржување и за плати, но не и средства за работа, не беа во состојба да ги стартуваат асфалтните бази ниту да започнат со чистење на патиштата.

„Една од главните заложби на директорот на ЈППД Коце Трајановски со неговото стартување на функцијата беше да се отпочне со исплата на долгот кон Македонијапат со цел да се овозможи отпочнувањето со чистење на патиштата и асфалтирање и санирање на оштетените делови.

Во таа насока се договори динамика на работење со Македонијапат со што ја враќаме условно речено „во живот“ за доброто на граѓаните и нивната безбедност како учесници во сообраќајот на магистралните и регионалните патишта. Во иднина ќе тежнееме кон зголемување на средствата за одржување на постојната патна мрежа“, се наведува во соопштението на Јавното претпријатие за државни патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK