Уапсени три лица во Тетовско: кога полицијата се доближила до нивното возило, едниот од нив растурил коакин по патосниците

kokain-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 20.30 часот на локален пат од село Боговиње кон село Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода 37-годишниот С.И. од село Боговиње, 34-годишниот А.И. од село Боговиње и 43-годишниот А.М. од село Горно Седларце, извести МВР.


„Откако полициските службеници се доближиле до патничкото возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, во кое биле лицата, А.М. растурил кокаин по патосниците во возилото, кој бил подигнат за понатамошна постапка“, соопшти МВР.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK