Незадоволниот Лунин бесплатно ќе го напушти Реал

Andriy-Lunin.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голманот на Реал, Андриј Лунин ќе остане во клубот до крајот на сезоната, што во неговиот случај значи и до крајот на договорот. Тој потоа ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч, што значи дека клубот нема да профитира од неговото заминување.


Украинецот беше првиот голман на клубот во минатата сезона, но враќањето на Тибо Куртоа по повредата и операцијата на менискусот на десното колено значи дека тој се врати на клупата, што го докажа почетокот на сезоната.

Белгискиот голман е меѓу стативите, а незадоволниот Лунин е резерва. Шпанските медиуми пишуваат дека Реал е подготвен да се откаже од него за ни помалку ни повеќе туку 20 милиони евра, но и дека нема понуди за него.

Според овие извори, Лунин донел одлука да го раскине договорот, што значи дека на крајот од сезоната ќе биде слободен играч и ќе може да преговара за подобри услови. Со заинтересираните клубови голманот ќе може да преговара во јануари.

„Трансфермаркт“ го проценува на 25 милиони евра.

Лунин пристигна во Реал во 2018 година во трансфер вреден 8,5 милиони евра од Зорја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK