Пукање во средно училиште во Босна и Херцеговина, тројца мртви

b_240821049.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во пукање во средно училиште во Сански Мост во Босна и Херцеговина дошл. Има загинати и ранети, пишува босански Кликс.


Како што дознава порталот од неофицијални извори, загинале најмалку две лица и тоа директорот на училиштето и секретарот. Неколку лица се ранети, а напаѓачот пукал и во професорка.

Според босанските медиуми, сторителот е вработен во Мешовитото средно училиште. Од полицијата за Дневни аваз потврдиле дека загинале три лица.

„Пукањето се случило во 10 часот и 15 минути. Мажот со автоматско оружје убил тројца вработени во училиштето. После тоа најверојатно се обидел да си пресуди и се здобил со тешки физички повреди. Тој е префрлен во Ургентниот центар Бања Лука. Полицијата е на лице место“, изјави портпаролот на босанското МВР на Унско-санскиот кантон, Аднан Бегановиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK