„Дали Али Ахмети лично стои зад бегството на Блерим Рамадани и дали СДС се поддржувачи на истото? Дали налогот од Ахмети до Пајазит Пајазити да овозможи бегство на Блерим Рамадани е заради приватен бизнис интерес“, прашува Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека Блерим Рамадани бил во притвор неколку пати бил повикуван од страна на Пајазит Пајазити во Кривичниот суд, а еднаш и посетен во КПУ Затвор Скопје. Пајазити да каже дали при посетата во затворот лично му пренел поздрав на Блерим Рамадани од Али Ахмети и дали пораката била да не се секира, дека се ќе се среди.
За кого работи Пајазити за државата или за Али Ахмети? Пајазити да каже дали е точно дека пренесувал поздрави од Ахмети, и ако да во кое својство глумел курир? Дали за целата оваа операција на Пајазити и ДУИ знаеле и од СДС и го поддржале планот?
СДС да не се крие и да одговори, дали се спотери во сите планови на ДУИ? Се уште очекуваме одговорност за Пајазит Пајазити. Институциите треба да постапат и тој да биде разрешен“, изјави Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.