Серхи Роберто пред трансфер во Комо

3848425-78201435-1600-900.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот италијански прволигаш Комо продолжува да носи силни имиња во клубот. По доаѓањето на Рафаел Варан, Пепе Реина, Алберо Морено…, Комо сега е на прагот да ја доведе легендата на Барселона Серхи Роберто (во Барса од 2010 до 2024 година).



Роберто се раздели со Барселона откако клубот реши да не му понуди нов договор. Поливалентниот играч во Италија би се преселил како слободен играч, а тренер ќе му биде поранешниот соиграч, Сеск Фабрегас.

Медиумите шпекулираат дека Комо, до крајот на преодниот рок би можел да се засили и со талентираниот напаѓач на Реал Нико Паз, односно со Максимо Пероне од Манчестер Сити.

Со Комо раководи Сеск Фабрегас, кој е и косопственик на клубот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK