Омразата кон Албанците од страна на оваа моноетничка коалиција не можеше подиректно и појасно од ова да се изрази, истакнуваат од Алијанса за Албанците.
„Еден од коалициските партнери, Петар Бпгојески, пријател на премиерот и претседателката, тешко ги навредува Албанците и тоа поминува како нешто нормално без никому да му пречи. Впрочем, ова е вистинската опасност за тензии, а не правото на Албанците да се бранат и да го кренат гласот против помижувањата и навредите како овие. Премиерот Мицкоски на десното рамо ги има сценаристите на тензиите.
Јавното обвинителство мора да отвори предмет и да го гони за оваа навреда и говор на омраза кон Албанците, како најтежок облик на кривично дело денес.
Што се однесува до албанските вазали во Владата, не очекуваме да ги штитат Албанците, но барем нека си застанат во своја одбрана и нека реагираат на навредите што се посветени, вклучително и кон нив во овој текст, каде што самите нив ги нарекува „неиживеана стока““, пишуваат од оваа партија.
Прашуваат дали се плашат од Богојески како и од Максим и Стоилковиќ?
„Срам, потчинување, сервилност. Повлечете се и ве уверуваме дека никој повеќе нема да може вака да ве навреди или деградира, ниту вас, ниту Албанците воопшто“, велат од Алијанса за Албанците.