Ервин Цого испиша историја во македонскиот баскет, стана првиот Македонец кој настапил на World Tour 3×3

ervin-cogo-03.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ервин Цого викендов настапуваше на World Tour 3×3 во Лозана и со тоа официјално стана првиот македонски баскетџија кој се натпреварувал на најсилното светско натпреварување во 3х3.


Тој настапи со екипата на Fribourg, односно момците на кои им е селектор во репрезентацијата на Швајцарија, а со кои одлично се познава и функционира.

„Нема поголема чест од ова. Отсекогаш сум сакал да играм на World Tour, но никогаш не сум помислил дека ќе играм за една од 20-те најсилни екипи во светот“, вели Цого.

Македонецот, кој во јуни 2023 се прости од репрезентативниот дрес, сепак не се откажува од баскетот.

„Тука сум нон-стоп, тренирам секој ден. Годинава играв Super Quest, во швајцарската лига 3×3 и, еве, сега, World Tour. Не знам како ќе биде понатаму, само знам дека од среда (21.08) ќе играме Европско првенство во Виена со истите тие дечки на кои сум им селектор“, додава Цого.

Пред враќањето на 3х3, на почетокот на годинава, Ервин беше во Македонија, период во кој настапуваше во КК Вардар и одигра неколку натпревари за нив.

Лани во декември ја доби наградата Најдобар играч во 3х3 за 2023, на изборот организиран од КФМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK