Денеска во СВР Струмица бил извршен службен разговор со 45-годишниот З.Д. и 25-годишниот Д.С., двајцата од село Ново Коњарево, струмичко, извести МВР.
„Имено, по преземени мерки и активности од СВР Струмица беше утврдено дека на 15.08.2024 за време на семејна прослава во Струмица пукале од сигнален пиштол. Во разговорот тие го признале делото, а од Д.С. бил одземен пиштолот“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.