Мистериозно исчезнување на милијардерот од јахтата кај Сицилија: само неколку дена претходно беше убиен неговиот деловен партнер, а овие прашања чекаат одговор

jahta-majk-linc.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мајк Линч, британски технолошки претприемач, исчезна откако неговата луксузна јахта потона во близина на брегот на Сицилија, што поттикна теории за тоа што навистина се случило.


Што се случи?

Едно лице е мртво, а шест се водат за исчезнати, меѓу кои и Мајк Линч и неговата ќерка, откако 56-метарската суперјахта Bayesian, која се поврзува со семејството Линч, потона во лоши временски услови.

Пронајдено е едно тело на готвачот на јахтата, а според последните информации на него имало 22 лица. Сопругата на Линч, Анџела Бакареш е спасена, пишува Би-Би-Си.

Кој е Мајк Линч?

Роден на 16 јуни 1965 година, Линч порасна во Есекс. Студирал природни науки на Универзитетот во Кембриџ, каде што докторирал по математичко пресметување во 1991 година.

Линч помогна во основањето на Cambridge Neurodynamics, компанија специјализирана за компјутерско откривање и препознавање отпечатоци од прсти.

Неговата технолошка фирма „Autonomy“ беше создадена пет години подоцна, користејќи статистички метод познат како „Бејсова теорема“ во сржта на нејзиниот софтвер.

Брзиот раст и успех на компанијата во текот на доцните 1990-ти и раните 2000-ти, му донесоа на Линч бројни награди и признанија.

Линч беше во одборот на Би-Би-Си како неизвршен директор, а во 2011 година беше назначен во владиниот Совет за наука и технологија – советувајќи го тогашниот премиер Дејвид Камерон за ризиците и можностите за развој на вештачка интелигенција.

Компанијата „Autonomy“ стана успешна поради способноста на нејзиниот софтвер да извлекува корисни информации од податоци како што се телефонски повици, е-пошта и видеа.

По продажбата на „Autonomy“ на HP во 2011 година – за која се верува дека Линч заработи 500 милиони фунти – тој ја основа технолошката инвестициска фирма Invoke Capital.

Но, продажната цена се најде под лупа по самата продажба. Американските обвинители подигнаа обвинение против Линч во 2018 година – обвинувајќи го за вештачки надувување на вредноста на компанијата. Сепак, тој беше ослободен во јуни од обвиненијата за повеќекратна измама во САД, што носи 20-годишна затворска казна.

Што е спорно?

Се поставуваат прашања за тоа како суперјахта вредна 30 милиони фунти можела да потоне за време на бура на брегот на Сицилија. Бродот бил закотвен на само 300 метри од брегот кога бил погоден од сомнителен вител поради силните бури во близина на Палермо околу 5 часот наутро.

Бродот – кој превезуваше 10 членови на екипажот и 12 патници – брзо потона, а преживеаните пронајдени на чамец за спасување опишаа дека пливале за нивните животи.

Метју Шанк, претседател на Поморскиот советодавен и спасувачки совет, тврди дека потонувањето на толку голем брод поради временските услови е „преседан“ и сугерира дека, и покрај силната бура во тоа време, суперјахтата требало да може да ги издржи услови, пишува Дејли мејл.

Линч, кој го нарекуваат „Британскиот Бил Гејтс“, а чиј имот се проценува на 852 милиони фунти, ги одвел семејството и пријателите на патување откако бил ослободен од обвиненијата за измама, но уште еден детал е сомнителен за многумина.

Поранешниот колега на Линч почина само неколку дена претходно

Имено, партнерот на британскиот технолошки тајкун, кој исчезна во потонувањето на луксузна јахта во близина на брегот на Сицилија, настрада за време на викендот, пишува германската новинска агенција дпа.

Стивен Чембрлен беше обвинет заедно со Мајк Линч во споменатото судење и почина откако беше удрен од автомобил додека џогирал во текот на викендот.

Токму поради овој редослед на настаните многумина мислат дека тоа не е само поморска несреќа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK