Маск му одговори на Трамп: Подготвен сум да служам

tramp-mask.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп му понуди на американскиот мултимилијардер работа во неговата администрација доколку победи на претседателските избори во ноември.



Републиканскиот претседателски кандидат одговори потврдно на прашањето за време на интервјуто за Ројтерс дали е подготвен да го назначи Маск на советничка позиција или да му даде функција во кабинетот.

„Тој е многу паметен човек. Сигурно би му ја дал работата, ако ја прифати. Тој е брилијантен човек“, рече Трамп, пренесе Политико.

Неколку часа подоцна, Маск објави слика генерирана од вештачка интелигенција на социјалните мрежи на која стои на подиумот со американски знамиња зад него, со натпис „Подготвен сум да служам“.

Маск, кој застапува се поконзервативни ставови во последните месеци, официјално го поддржа Трамп минатиот месец и го интервјуираше на „Икс“ минатата недела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK