Властите ги повикаа жителите да останат во своите домови во украинскиот Тернопил, откако во текот на ноќта избувна голем пожар во индустриска постројка за време на тревога за воздушен напад, соопшти утринава воената администрација на западниот регион на Украина.
„Не излегувајте од дома без потреба, ограничете го времето на децата на отворено и затворете ги прозорците“, објавија од администрацијата на Телеграм.
Тие велат дека службите за итни случаи работат на местото на пожарот што избувна во текот на ноќта за време на „воздушна тревога“. Не е познато која постројка се запалила.