Русија и Азербејџан заедно ќе градат танкери за нафта, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин по преговорите со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев во Баку.
Користењето на овие пловни објекти на линиите Азовско-Црно Море и Каспиското Море значително ќе го зголеми глобалното снабдување со енергетски ресурси, додаде рускиот претседател, пренесува Танјуг.
Тој исто така истакна дека руските компании успешно работат на азербејџанскиот пазар.
Претседателите на двете земји во заедничка изјава високо го оценија нивото на трговско-економската соработка и ги идентификуваа главните насоки за нејзиниот понатамошен развој, пренесува РИА Новости.
Според член на руската делегација, вицепремиерот Александар Новак, Москва и Баку исто така размислуваат за нови проекти за нафта и гас, вклучително и проекти на касписката платформа.