Високиот комесар за безбедност и надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, изјави дека крајната одговорност за смртта на главниот руски опозициски лидер Алексеј Навални е на рускиот претседател Владимир Путин и на властите кои го уапсија.
Борел, во изјавата пренесена од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), по повод одбележувањето четири години од труењето на руски опозиционер со нервен агенс, наведе дека Русија треба да обезбеди непристрасна меѓународна соработка во истрагата за обид за атентат.
„Обидот за атентат, проследен со враќањето на Навални во Русија, ја забрза спиралата на политички мотивирани мерки против него, што доведе до неговата прерана и сè уште нецелосно истражена и разјаснета смрт во казнена колонија под строг режим во февруари оваа година“, се наведува во соопштението.
Тој додаде дека ЕУ „нема да штеди напори да ги повика на одговорност руското политичко раководство и властите за третманот на Алексеј Навални и другите политички затвореници“, потсетувајќи дека во 2020 година, по труењето и на 22 март оваа година, ЕУ наметна санкции за лицата одговорни за тие дела.