Едно лице загина, а уште шест се трага откако луксузна јахта потона во близина на главниот град на Сицилија, Палермо, јавуваат италијанските медиуми.
One dead and six missing including four Brits after luxury 180ft Bayesian superyacht sinks during tornado off Sicily with one-year-old baby among 15 rescued – as divers hunt for survivors .. pic.twitter.com/MNSI3fbTTQ
— Martha (@MGonigle) August 19, 2024
Италијанските противпожарни и крајбрежни служби претходно соопштија дека нивните нуркачи трагаат по седум исчезнати лица, без веднаш да соопштат дека е пронајдено едно тело.
Луксузната јахта долга 56 метри, регистрирана во Велика Британија, потона во зори со 22 лица, 10 членови на екипажот и 12 патници, кога силното невреме ја зафати областа, соопшти крајбрежната стража.
Меѓу исчезнатите има и британски, американски и канадски државјани. Осумтемина спасени, меѓу кои и едногодишно дете, се пренесени во болница и сите се стабилни, јавуваат локалните медиуми.