Русија се пожали на германската истрага за нападот на Северен тек

Screenshot-2024-08-19-112208.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија се пожали на германската истрага за експлозиите што ги уништија гасоводите „Северен тек“ во 2022 година, јавува денеска руската новинска агенција РИА.



Германските медиуми минатата недела објавија дека истражителите идентификувале украински нуркачки инструктор како главен осомничен за саботажата и издале налог за негово апсење во Полска.

Варшава објави дека го добила налогот за апсење, но дека осомничениот ја напуштил територијата на Полска бидејќи Германија не го вклучила во базата на податоци на барани лица.

Москва верува дека германската истрага ќе биде завршена без да се идентификуваат одговорните, ги пренесува РИА, зборовите на Олег Тјапкин, шеф на европскиот оддел во руското МНР.

„Го покренавме прашањето дека Германија и другите инволвирани земји мора да ги исполнат своите обврски од антитерористичките конвенции на Обединетите нации“, рече Тјапкин, додавајќи дека Москва испратила формални барања до Берлин.

Гасоводите Северен тек 1 и 2 од повеќе десет милијарди долари, лоцирани под Балтичкото Море, беа уништени од серија експлозии во септември 2022 година, седум месеци откако Русија ја започна инвазијата на Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK