СДСМ: Почина пациентка која во лоша состојба не била примена на Инфективна клиника

infektivna.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK


Откако утрово СДСМ алармираше дека има проблем со приемот на ковид пациенти на кои што име потребен респиратор на интезивна нега во Инфективната клиника, веќе попладнево, за жал, има смртен случај, соопшти СДСМ.

„Пациентка која од утрово била во лоша состојба прво не била примена на интензивна нега во Инфективната клиника, а не била примена ниту на Карил по што починала. Ова е скандал за кој мора да има одговорност! Итно мора да излезат директорите на Карил и Инфективна клиника и да одоговорат зошто не е примена пациентката. Каде е министерот Таравари цел ден да интервенира откако уште рано информираше СДСМ за проблемот?



Бараме истрага и одговорност за смртта на пациентката. СДСМ има точен увид во целиот случај и ќе го изнесе во јавноста доколку министерството и ДСЗИ се обидат да го забошотат. Исто така, бараме министерството веднаш да го реши проблемот со прием на пациенти на интензивна нега во Инфективната клиника. Ова е прв случај, но може многу лесно да имаме нови жртви“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK