Лестер се соочува со жестока казна

549.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лестер штотуку се врати во Премиер лигата, а веќе може да биде казнет со двојно одземање на бодови.


Лестер и пред да го одигра првиот натпревар во Премиер лигата против Тотенхем се соочува со двојно одземање на бодови поради прекршување на финансискиот фер-плеј.

Според информациите, во текот на минатата сезона, кога клубот играше во Чемпионшип, потрошил многу повеќе пари од одозволеното, па поради тоа може да добие жестока казна.

Исто така, клубот од 2020 до 2023 година беше во минус за 215.000.000 фунти, а во сезоната 2022/2023. имаше загуба од 105.000.000.

Се уште не е познато колку поени би можеле да им бидат одземени.

Да потсетиме дека Евертон и Нотингем Форест ја доживеаја истата судбина во Премиер лигата минатата сезона. На Евертон му беа одземени осум, а на Форест четири бода.

Иако и покрај ова двата клуба успеаја да се изборат за опстанок во елитата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK