Реал доби понуда која не може да се одбие – и ја одби

topsport.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Клуб од Саудиска Арабија кој успеа да остане анонимен му понуди на Реал Мадрид 100 милиони евра за Едер Милитао. Понудената плата за Едер остана непозната, но Реал реши да го задржи во редовите, особено по заминувањето на Нац.



Да потсетиме дека Милитао го пропушти поголемиот дел од минатата сезона поради повреда на вкрстените лигаменти.

На теренот се врати дури на крајот на сезоната. Тој ги одигра сите 90 минути против Аталанта во натпреварот од Суперкупот на Европа каде „кралевите“ победија со 2:0. Едер со клубот од Мадрид потпиша договор до 30 јуни 2028 година, а досега има освоено 12 трофеи и одиграно вкупно 156 натпревари.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK