48-годишен велешанец измамен со 251.110 денари

denari-izmama.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четириест и седумгодишен жител на велешко село во текот на вчерашниот ден пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 251.110 денари, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.


„Според пријавеното, на 29 јули, преку мобилна апликација, лицето се договорило со него за набавка на бела техника. Како што е пријавено, договорената стока била испратена во Скопје – Чаир и била преземена од друго лице, но, парите не му биле исплатени во договорениот рок и по една недела, лицето веќе не било достапно, по што сфатил дека е измамен“, појаснуваат од СВР – Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK