Подигнати 170 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир

viber_image_2024-08-16_07-07-37-467.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 170 кубни метри отпад од неколку обемни диви депонии лоцирани во скопската општина Чаир.


Активностите се реализираа на улицата Славеј планина – во непосредна близина на скопското Теќе, на улицата Џон Кенеди, како и на булеварот Втора македонска бригада.

„Интервенирано е и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) – на игралиштето спроти Амбасадата на САД, што веќе подолг период претставува т.н. „црна точка“ каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини.

По подигнувањето на отпадот, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија рачно миење на локациите“, велат од Комунална хигиена Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK