Катастрофа за хрватскиот клупски фудбал – Три клуба испаднаа од европските купови

0d3d5512-66c2-476b-9d8d-6d6ec8626564.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Потоп доживеаја хрватските клубови во европските купови. Синоќа сезоната заврши за Осиек и Хајдук, а Риека ќе има уште една шанса, ќе игра плеј-оф за пласман во Конференциската лига. Од претходно е познато дека Динамо Загреб ќе се бори за место во главната фаза во Лигата на шампиуоните, доколку „модрите“ не успеат да го елиминираат Карабаг ќе играат во фазата по групи во Лигата Европа.



Риека е елиминирана во третото прелиминарно коло на ЕЛ со пораз од 2:0 од шведски Елфсборг (вкупно 3:1), Осиек е елиминиран во истата фаза од КЛ на пенали на азербејџанската Гзира, откако натпреварите завршија 1:1 и 2:2, а Хајдук исто така беше елиминиран во КЛ со пораз на домашен терен од словачки Ружомберок (1:0), откако првиот натпревар заврши без голови.

Четврток, 15 август 2024 година, останува запишан со црни букви во историјата на хрватскиот фудбал. Неверојатно е како хрватските клубови испаднаа од Европа. На пример, Осиек беше елиминиран од Гзира, откако во првиот меч прими во седмата минута од судиското надополнување, додека истото му се случи и во реваншот во Азербејџан. Потоа во пенал рулетот игрчите на Осиек од пет, промашија четири пенали.

Хрватскиот вицешампион Риека испадна од Лигата на Европа, но за разлика од Хајдук и Осиек, европскиот пат го продолжуваат во плеј-офот од Конференциската лига каде ќе играат против Олимпија од Љубљана. Но Риека е во криза, игра лошо на почетокот на сезоната, поради што отказ доби тренерот Сопиќ.

Се чини дека најголемото разочарување е Хајдук. Клубот со големи мабиции влезе во новата сезона, а веќе на стартот доживеа дебакл. По ремито 0:0 на гости кај Ружомберок, белите од Сплит на домашен терен испаднаа со автогол.

Сите три хрватски клуба беа елиминирани како носители. „Football Meets Data“, платформа која се занимава со фудбалска статистика и аналитика, ова го нарекува апсолутна катастрофа за Хрватска.

„Одиграа 12 натпревари ова лето, сите против клубови од лигите кои се наоѓаат под 22 место. И покрај тоа, тие забележаа само четири победи. Две против Естонците и по еден против клуб од Фарски Острови и од клуб од Втората романска лига.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK