Спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана е во Лондон, каде се обидува да ја заврши работата на голем број трансфери. Плановите на Наполи се директно поврзани со транферот на Вииктор Осимен кој побара да го напушти клубот.
Наполи се обидува да ги ангажира играчите од средниот ред на Брајтон, Били Гилмур и Скот Мектомини од Манчестер Јунајтед, напаѓачот Ромелу Лукаку од Челзи и крилото на Бенфика, Давид Нерес.
Се верува дека купувањето ќе зависи пред се од тоа што Наполи прво ќе го продаде Виктор Осимен, за кого е заинтересиран Челзи.
„Сан“ пренесува дека Наполи бара двајца играчи плус 45 милиони евра за Осимен, а тренерот Антонио Конте ги сака Лукаку и играчот од средниот ред Чезаре Касадеи.
Доколку Осимен биде продаден, Наполи планира да потроши по 30 милиони евра за Лукаку, Нерес и Мектомини, додека за Гилмор е подготвен да плати 15 милиони евра.
Засега Наполи има договор со Бенфика за Нерес.
Наполи ја отвора сезоната во Серија А во недела на 18 август на гости кај Верона.