Сиљановска Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата во справување со пожарите

siljanovska-armija-pozari.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно Законот за управување со кризи, донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите, по донесената Одлука на Владата од 13 август 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата.



Начинот и интензитетот на кој припадниците на Армијата ќе помагаат на другите институции при гаснење на пожарите ќе го одредува Генералштабот на армијата во согласност со побарувањата од Центарот за управување со кризи и состојбата на теренот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK