Бруно го продолжи договорот со Манчестер јунајтед

GU9h3cWXEAAESNQ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, соопшти англискиот клуб.



Капитенот на Јунајтед потпиша нов тригодишен договор со опција истиот да биде продолжен за уште една сезона.

„Сите ја знаат страста што ја имам за Манчестер Јунајтед. Ја разбирам одговорноста и важноста да го носам овој дрес, знам колку треба да си посветен и колкава желба треба да имаш за да го претставувш овој клуб“, изјави Фернандеш за клупската веб-страница.

Португалскиот фудбалер забележа 234 настапи во четири сезони во дресот на Манчестер Јунајтед, во кои има учинок од 79 гола и 67 асистенции.

Фернандеш за португалската репрезентација одигра 71 натпревар и постигна 23 гола.
Во својата кариера настапуваше за Новара, Удинезе, Сампдорија и Спортинг Лисабон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK