Поранешниот директор на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски е единствениот пријавен на конкурсот кој го распиша Град Скопје за оваа установа и беше затворен денеска во 16 часот. Галетановски на „Фејсбук“ се заблагодари на огромната поддршка за да биде директор на ЗОО Скопје.
„Ви благодарам на сите медиуми што се обединивте за огромната поддршка на сите граѓани на Скопје и Македонија сите тие честитки желби и преку 2000 пораки нека одат на конто на Зоо Скопје и вработените и животните таму.
Како што прочитав денес во медиумите завршил конкурсот за директор на ЗОО СК и немало друг пријавен и како што ветив, ДА свесно се пријавив и ќе се нафатам од минус не ми требаат нит финансии нит поддршка од градот. Дал ќе го поништат огласот или ќе стават некој друг не е важно, јас пак ќе отидам и помогнам што можам. Важно е колку ЗОО Скопје е слаба и болна точка на сите граѓани. Благодарам во име на сите вработени таму а јас како и да е ќе продолжам со борбата за департизација на ЗОО СК враќање во ЕАЗА и за правата на моите колеги таму и најважно негата на сите животни“, напиша тој на фејсбук.