Србин и двајца Шпанци 10 дена пловеле во океан со гумен чамец: „Не мислев дека ќе преживеам, имаше ајкули“

2-15.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Никола (30) од Србија, кој од неодамна живее во Шпанија, за Телеграф раскажа каква драма доживеал на отворено море. Тој раскажал дека со другарите отишол на риболов и дека на бродот им останало гориво и дека 10 дена пловеле на отворено море.


Никола и неговите двајца пријатели испловиле од Канарските острови и во еден момент останале без гориво. Србинот вели дека биле опкружени со ајкули.

„Никогаш не сум видел толку многу ајкули одблизу, мислев дека нема да преживееме“, рекол Никола, пишува Телеграф.

Никола тврди дека седум дена не пиеле вода.

„Да останевме на бродот уште неколку часа, сигурно ќе бевме мртви“, вели Србинот, пишува Телеграф.

Никола и неговите пријатели биле спасени од бродот Син Ан Нинг, кој пловел под кинеско знаме. Бродот патувал за Доминиканска Република, поради што Никола и неговите пријатели завршиле таму. Бродот пристигнал во пристаништето Хаина во понеделникот.

Медиумите јавуваат дека шпанската амбасада го организирала враќањето на пријателите на Никола, но дека тој морал да остане во кампот во Хаина, каде Генералната дирекција за миграција испраќа странци со нерегуларен статус. Никола вели дека за околу два дена ќе го добие пасошот за да може повторно да патува и да се види со семејството.

Во меѓувреме, доминиканските власти се обидуваат да стапат во контакт со српската амбасада во Куба за да го забрзаат процесот, пишува Телеграф.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK