(Видео) Украинците го симнаа руското знаме од зграда во Курск, објавена снимка

d7f6a130-c0dc-4944-9bdc-591263b6fc6c.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинската телевизија објави видео на кое се гледа како војници во градот Курск го симнуваат руското знаме од зграда.



На снимката се гледа трикатна зграда во градот Суџа и тројца војници како го симнуваат знамето извикувајќи: „Слава на Украина“.

Некои руски воени блогери и украински канали Телеграм наведуваат дека градот е под украинска контрола. Украинските сили влегоа во Суџа по нападот на руска територија, започнат минатиот вторник. Киев тврди дека сега контролира 74 градови и села на територијата на Русија.

Гувернерот на руската област Белгород прогласи вонредна состојба, а руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека поради украинските напади врз областа Курск, мировните преговори се подолго време паузирани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK