На патот Богданци – Гевгелија, се судрија мотоцикл, „опел“ и трактор, тешко повреден 24-годишник

motor-soobrakajka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 08.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат од Богданци кон Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 24-годишниот К.К. од Богданци, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот Љ.Ѓ. од село Бунарџик, скопско и трактор со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 45-годишниот Б.Ш. од Богданци, извести МВР.



Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општата болница во Гевгелија.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK