На летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка, вечерва, 14 август, со почеток во 20 часот, ќе се одржи Меѓународната поетска манифестација „Лирски треперења“ која традиционално ја организира НУ Центар за култура од Крива Паланка.
Годинава, на поетската манифестација ќе настапат искусни и современи поети од Штип, Струмица, Скопје, Крива Паланка и Ќустендил, Бугарија, како и млади локални автори кои ќе ја збогатат лирската вечер исполнета со стихови и емоции.
Настанот е дел од богата програма на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.