Меѓународната организација за миграција: На десетици илјади луѓе во Судан им се заканува смрт

sudan-deca.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денеска ги повика земјите да ги зголемат своите донации за Судан, земјата погодена од најтешката бегалска криза поради нејзината граѓанска војна, предупредувајќи дека неуспехот да се дејствува може да резултира со десетици илјади смртни случаи.


ИОМ доби само 21 отсто од потребната поддршка за давање помош на Суданците. Освен граѓанска војна, на жителите на таа африканска земја сега им се закануваат глад, болести и поплави, изјави Мохамед Рефаат, шеф на мисијата на ИОМ во Судан.

„Меѓународната заедница не прави доволно. Без итен масовен и координиран глобален одговор, ризикуваме да бидеме сведоци на десетици илјади смртни случаи што може да се спречат во наредните месеци“, предупреди тој.

Во Судан, речиси секој петти побегнал. Околу 10,7 милиони луѓе се бегалци внатре во земјата, а 2,3 милиони од нив ги поминале границите. Конфликтот во земјата избувна во април 2023 година, поттикнувајќи етничко насилство и широко распространет глад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK