Николоски: Со измените на законот за урбанистичко планирање се предвидува училишта, градинки, амбуланти, болници, катни гаражи да се градат по поедноставена процедура и побрзо да бидат реализирани

nikoloski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за транспорт Александар Николоски на денешната собраниска Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање истакна дека измените кои ги предлагаат на законот за урбанистичко планирање не се обемни нити големи и се насочени кон три цели.


„Првата цел е реализација на стратешката определба на Владата која беше една од носечките ветувања на изборите на кои убедливо оваа Влада освои мнозинство вкупно во Собранието скоро 2/3 мнозинство имаме како Влада што е јасно изразување на волјата на народот и на огромното мнозинство на народот. Значи ова не е Влада која има 61 или 62 пратеници како претходните влади туку ова е Влада која во моментов ја поддржуваат скоро 2/3 од пратениците во Собранието. Едно од основните ветувања на владата беше дека ќе се зајакне процесот на децентрализација со конечно завршување во овој четири годишен мандат на сите прашања кои се поврзани со инфраструктурното уредување на општините. Целата јавност е свесна дека со исклучок на десетина урбани општини во Македонија кои имаат и свои проблеми остатокот од државата се бори за тоа да добие канализационен систем, водоводен систем, асфалтирани патишта, пристојни училишта, по некоја градинка итн., и затоа решивме да ги децентрализираме средствата кои се однесуваат на капитални расходи и секоја година 33% од капиталните расходи да слегуваат во општините, ако проценета вредност на капитални расходи во буџетот е некаде 750 милиони евра тогаш нашата заложба која ја реализираме е веќе од следната година по 250 милиони евра да се спуштаат во општините со цел веќе после 4 години веќе да не зборуваме за тоа дека има неасфалтирана улица, дека има место кое нема канализационен или водоводен систем, дека има село или населба која останала без училиште, градинка, амбуланта, болница“, истакна Николоски.

Министерот за транспорт Николоски истакна дека основната измена на законот се однесува да целосно финансираните проекти од буџетот на Република Македонија бидат во поедноставена процедура и побрзо реализирани.

„Основата на измената на законот се однесува на тоа да можат училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се целосно финансирани од буџетот на Република Македонија или од буџетот на општините и се во целосна општинска или државна сопственост и целосно финансирани од буџетот, значи не се работи за приватни болници, градинки, училишта, напротив за исклучиво државни објекти да можат да се градат во поедноставена процедура, која ќе значи истите побрзо да бидат реализирани односно побрзо да се направат проектите кои овие објекти ќе можат да се реализираат. Тоа не значи дека воопшто ќе нема процедура, туку таа процедура ќе е многу поедноставена“, вели Николоски.

Министерот за транспорт Николоски продолжи и ја образложи втората измена која се планира.

„Втората измена која ја планираме за која претпоставувам ќе има и несогласување но јас ќе го кажам мојот став а тоа е во однос на претходните измени на законот за урбанистичко планирање во кој е ставен рок од 4 години со кои треба да се завршат веќе почнатите постапки за донесување на ДУП-ови а доколку истите не се завршат да се вратат од почеток. Оваа одредба е оспорена пред Уставниот суд и прашање на време е кога Уставниот суд ќе ја прифати затоа што не може со закон да креирате правна несигурност, а креираната правна несигурност овде е во три насоки. Прво како е определен рокот од 4 години зашто не е 3, 5, 6 или 2 години. Второ кој вели дека планот мора да се донесе и трето во моментов преку 600-тини планови се заглавени и не се ни напред ни назад, нити јас како министер можам да ги прифатам нити можам да ги одбијам, нити министерството може да даде позитивно мислење нити негативно мислење“, рече Николоски.

Министерот за транспорт Николоски укажа дека се предлага и укинување на правилото молчење од 20 дена кое значи одобрување на ДУП.

„Третата работа заради претходно дивеење на одредени општини ја зајакнуваме улогата на министерството за транспорт со бришење на правилото молчењето е одобрување. Веќе нема да може да се прават манипулации и финти кои се правеле во минатото да се користи оној рок од 20 дена досега законот велеше дека во рок од 20 дена доколку министерството за транспорт не се произнесе по однос на ДУП истиот се смета дека добил позитивно мислење од министерството. Таква работа веќе нема да има и нема да може да се манипулира“, потенцираше Николоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK