(Видео) Човек на кој му беше пресадено срце за прв пат го слушна неговото чукање, снимката расплака многумина

Screenshot-2024-08-13-112020.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американецот Џон Пол Кавалиери доживеал струен удар додека работел на скеле, но не знаел дека неговото срце е сериозно оштетено. Кога почнал да се чувствува летаргично и забележал оток на стомакот, отишол на преглед и тогаш почнала неговата борба за живот.


Џон открил дека неговото срце работи само со 10 проценти, и иако лекарите успеале да го стабилизираат, му била потребна трансплантација. Тој го помина првичното тестирање и беше додаден на списокот за трансплантација, но во јуни 2022 година неговата состојба се влоши и лекарите му рекоа дека е само прашање на време кога неговото срце ќе престане да работи.

@just_the_ten_of_us Don’t stop believing. Don’t quit. I’ll keep pushing to the finish line. #dontquit #determination #finishline #godsplan ♬ original sound – John Paul Cavalieri

Џон бил на чекор до смртта, но ја напуштил болницата во инвалидска количка за сопствената свадба. После тоа се вратил во болница и чекал.

„Мислев дека немаат срце за мене. Мислев дека ќе умрам и нема други опции“, рече тој. Сепак, среќата му се насмевна и на Џон му беше пресадено ново срце.

@just_the_ten_of_us Listening to my new heart for the first time. such a humbling experience. ##listening#h#hr#heartmb#humblingexperiencen#transplant ♬ original sound – John Paul Cavalieri

Кога се разбудил по операцијата, првото нешто што сакал е да го слушне чукањето на неговото ново срце, а снимката расплака многумина.

Во знак на благодарност до неговиот донатор Џек и неговото семејство, Џон основаше фондација за да го почитува животот и наследството на својот донатор, кој му даде нова шанса за живот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK