Трамп се врати на Твитер: Дали ви е подобро сега отколку кога бев претседател

tramp1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот американски претседател, кандидатот на републиканците на претстојните избори во САД во ноември, Доналд Трамп, денеска повторно твитна на платформата Х (Твитер), што е негов втор твит по долго отсуство од таа мрежа.


„Дали сега ви е подобро отколку кога бев претседател? Нашата економија е уништена. Нашите граници се избришани. Ние сме народ во пропаѓање. Да го направиме американскиот сон повторно достапен. Да ја направиме Америка повторно безбедна. Да ја направиме Америка повторно голема“, рече Трамп.

Во јануари 2021 година, по немирите на Капитол Хил во Вашингтон, Твитер профилот на Трамп беше блокиран.

Компанијата тогаш објави дека профилот на Трамп е трајно суспендиран поради заканата од дополнително насилство и во согласност со одлуките на другите платформи како Фејсбук.

Набргу откако Илон Маск го презеде Твитер кон крајот на 2022 година, профилот на Трамп беше реактивиран, но оттогаш Трамп почна да ја користи својата платформа „Трут соушл“. Тој има направено само една објава од реактивирањето на неговиот профил до денес.

Неговиот прв твит денеска беше предизборен клип.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK