Маж од селото Елево, Студеничени пријавил дека пожар на сува трева се проширил во неговата нива и му однел 500 бали со сено.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
На местото каде настанал пожарот била пронајдена кутија од искористен огномет, информираа од МВР.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
Викендов директорот на Центарот за управување со крзи, Стојанче Ангелов, апелираше да не се користат огномети бидејќи можат да предизвикаат пожари.